ПРОТИВЕКСПЛОЗИВНА ЗАШТИТА

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Примарната цел на образновната дејност на Ех Изведба Инженеринг ДООЕЛ Скопје е запознавање на проектантите кои се занимаваат со проектирање на електрични и неелектрични инсталации во противексплозивна заштита, како и извршителите кои работат на инсталирање, одржување и манипулирање со електричните и неелектрични инсталации и уреди во средини загрозени од експлозивна атмосфера со основните принципи на противескплозивна заштита, како и специфичностите при извршување на работи на проектирање, изведување, одржување и манипулирање.
Програмата е дизајнирана во насока да се оспособат лица кои вршат проектирање, изведба и одржување на електрични и неелектрични инсталации во средини загрозени од експлозивна атмосфера да се стекнат со знаења и вештини за процесите на воспоставување ефикасна и ефективна противексплозивна заштита. Програмата ги покрива следните модули:

1. Општо – регулатива
2. Проценка на ризик
3. Класификација на опасен простор
4. Електрични и неелектрични инсталации во загрозени средини
5. Прегледи и одржување
6. Поправка

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Стручна едукација во зголемување на безбедноста на работното место на луѓето кои при обавувањето на своите редовни работни активности се контакт со потенцијално експлозивна атмосфера.

Краен резултат по успешно завршената програма ќе биде квалификуван стручен кадар, кој ќе може активно да учествува, а со тоа и да придонесува за подобрување на процесите за воспоставување противексплозивна заштита преку:
– Примена на Македонските стандарди и Правилници издадени врз основа на сите норми кои ја регулираат оваа проблематика издадена и усогласена со ЕН,
– Запазување на основните принципи на вршење на проценка на ризик врз основа на методологијата пропишана со соодветна ЕН
– Дефинирање, анализа и почитување на зоните на опасност,
– Вршење на проектирање согласно соодветните МКС ЕН
– Воспоставување на технички принципи за практична примена на МКС ЕН и Правилници за безбедна работа, и
– Задоволување на барањата на МКС ЕН и препораките на производителите за инсталираната опрема.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Минимум средна стручна спрема (електро,машинска, хемиско-технолошка струка)

Стручни лица – вработени кои се занимаваат со проектирање на електрични и неелектрични инсталации во противексплозивна заштита, како и извршители кои работат на инсталирање, одржување и манипулирање со електричните и неелектрични инсталации и уреди во средини загрозени од експлозивна атмосфера

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

12

Пракса

2

Оценување

1

Вкупен број на часови

0

Стручна едукација во зголемување на безбедноста на работното место на луѓето кои при обавувањето на своите редовни работни активности се контакт со потенцијално експлозивна атмосфера.

Краен резултат по успешно завршената програма ќе биде квалификуван стручен кадар, кој ќе може активно да учествува, а со тоа и да придонесува за подобрување на процесите за воспоставување противексплозивна заштита преку:
– Примена на Македонските стандарди и Правилници издадени врз основа на сите норми кои ја регулираат оваа проблематика издадена и усогласена со ЕН,
– Запазување на основните принципи на вршење на проценка на ризик врз основа на методологијата пропишана со соодветна ЕН
– Дефинирање, анализа и почитување на зоните на опасност,
– Вршење на проектирање согласно соодветните МКС ЕН
– Воспоставување на технички принципи за практична примена на МКС ЕН и Правилници за безбедна работа, и
– Задоволување на барањата на МКС ЕН и препораките на производителите за инсталираната опрема.

Датум на верификација

16/01/2019

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content