Маникир и педикир

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата Маникир и педикир има за цел обука на возрасни лица за стекнување на знаења и вештини за занимање од областа на негата и одржување на кожа на раце и нокти и одржување на кожа на стапалата и нокти.

Основа за изработка на програмата е стандард на занимање Естетичар за нега на раце и нозе.

Реализацијата на програмата е преку теоретски часови, практична обука и проверка на знаењата и вештините на учесниците. Теоретскиот дел се реализира во соодветно опремена училница/кабинет, а практичната обука се реализира во козметички салон опремен според барањата на стандардите за вршење на дејноста.

Оценување и вреднување на постигањата на секој учесник во програмата ќе се изведува тековно и на завршен испит.

Учесникот кој со успех ќе го положи завршниот испит ќе се здобие со сертификат за работна оспособеност “ Mаникир и педикир”.

Учесникот ќе биде оспособен самостојно да ги  врши  професионалните задачи и да применува прописи за водење на дејноста маникир и педикир како и да ги почитува правилата за безбедност и заштита на работната и на животната средина. Ќе биде оспособен за деловно да комуницира со клиенти и други соработници и да ја почитува работната етика и морал. Учесникот ќе биде оспособен за самостојно да ги организира работниот простор и сопствената работа, да подготвува клиент за маникир-педикир тетмани, да советува клиенти при избор на третман и да изведува  маникир-педикир постапки. Ќе биде оспособен да изведува надградба на нокти и декорирање на нокти на раце и нозе со разни техники на лакирање и украсување.

Учесникот ќе биде способен да води евиденција и подготвува пресметка за работата, да ги познава правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис за напредување во професијата.

Програмата  Маникир и педикир нуди можност за напредување на учесникот во други обуки или повисоки нивои на квалификации од областа на козметиката.

Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 66 часа се стручна теорија, а 184 часа се практична обука во реални работни услови. Термините во кои ќе се реализира програмата се договараат со учесниците.

Верификацијата истекува во септември 2, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено најмалку основно образование и возраст на учесникот над 15 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

66

Пракса

184

Оценување

Вкупен број на часови

250

Датум на верификација

02/09/2024

Скопје

Фризер за жени

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content