Програмата за лична асистенција на лица со попреченост има за цел да придонесе за независно и самостојно живеење на лицата со попреченост и нивно активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина.
Личната асистенција на лица со попреченост е услуга од социјална заштита, преку која се обезбедува поддршка на лицата со потешка и најтешка телесна попреченост и лицата со целосно оштетен видна возраст од 18 до 65 години во нивно осамостојување, согласно нивните индивидуални потреби.
Личната асистенцијата треба да биде прилагодена на личните и поединечни потреби на корисникот, кој одлучува кои активности ќе ги делегира и на кого, така што ќе му овозможи да живеe во помалку ограничена околина, односно му овозможува слобода на избор и независно раководење на личниот живот со цел да ја компензираат својата попреченост, делегирајќи ги своите задачи на други лица.
Реализацијата на програмата се одвива преку теоретски и практичен дел. Оваа програма е во времетраење од 200 часа од кои 92 часа теорија и 108 часа практична настава кои се реализираат во училница/кабинет во Црвениот крст и во дом за стари лица/специјализирани институции/во институции со организиран дневен престој и центар за асистивна технологија.
Самата програма е составена од 4 области/ модули:
1.Основни познавања на видовите на попреченоствидови на помагала и нивна примена
- Помош на работното место, образовниот процес и во заедницата
- Помош во домот на корисникот
- Комуникација и психосоцијална поддршка
По успешно завршување на програмата и со положен завршен испит кандидатот се стекнува со сертификат – „Личен асистент на лица со попреченост“.