Козметичар за нега на лице и тело

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата „Kозметичар за нега на лице и тело” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на применетата козметологија (козметика).

По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно-технички норми за спроведување на козметичка дејност, подготвува клиент за третман, спроведува третмани на лице и тело, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина, комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Времетраењето на програмата е 210 часа од кои 50 часа за теорија, а 160  часа за практична обука. Програмата е модуларна, организирана во 4 модули. Структурата на програмата се состои од стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит). Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и завршен испит, кој се состои од теоретски дел – тест на знаење и практична задача. Услов за полагање на завршен испит е учесниците да ги поминат сите модули. За секој кандидат ќе се води портфолио од сработени задачи.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.  Во тек на реализацијата ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во точка 7 (Ресурси / опрема за настава и учење).

Програмата ќе се реализира во простор опремен за теоретска настава и козметички салон за практична настава.

Во реализација на програмата ќе учествува наставен кадар за стручно-теоретскиот дел од обуката, лекар со завршено високо образование, VII/1 степен, со завршен Медицински факултет, а за  практичниот дел од обуката: козметичар со минимум 5 години работно искуство и завршен мајсторски испит. Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за стручно оспособување за Kозметичар за нега на лице и тело. Програмата нуди можност за напредување на учесникот во други обуки или повисоки нивоа на квалификации од областа на козметика.  

Верификацијата истекува во јули 24, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Niveli i arsimit fillor: arsimi fillor dhe mosha të paktën 15 vjeç. Niveli i dëshiruar i arsimimit: arsimi tre ose katërvjeçar (në çdo profesion). Një person me arsim të lartë të përfunduar mund të jetë pjesëmarrës në program.

Kërkesa shtesë për aplikantët: nuk kërkohen kërkesa shtesë.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

50

Пракса

160

Оценување

0

Вкупен број на часови

210

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content