Програмата за машинско плетење обезбедува стекнување на знаење, вештини, и компетенции ,за примена на основните техники при изработка на машинско плетени производи производи од волна и други видови на предиво. Користење на машини и помошни алатки за плетење и одржување на истите.
Со програмата се стекнува способност за организирање на работата и плетење според редослед на операции применувајќи меѓуфазна контрола и отклонување на технички грешки кои се јавуваат во текот на плетењето.Во процесот на изработка на машински плетени производисе врши меѓуфазно пеглање и составување на исплетени делови од даден модел. Начинот на реализација на програмата е преку теоретска и и практична обука и води до стекнување сертификат ИЗРАБОТУВАЧ НА МАШИНСКИ ПЛЕТЕНИ ПРОИЗВОДИ по верификувана програма Времетраење на програмата е 240 часа од кои 24 часа теорија,192пракса и оценување 24часа Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се одвива во работилници Вреднување на постигнатите резултати ќе се врши на крајот на секој модул |
По завршување на програмата учесникот полага завршен испит со што се стекнува со сертификат ИЗРАБОТУВАЧ НА МАШИНСКИ ПЛЕТЕНИ ПРОИЗВОДИ