Дигитален маркетер

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата:

Главната цел на програмата “Дигитален маркетер” е учесникот да стекне знаење, вештини и компетенции од областа на дигиталниот маркетинг, а сето тоа во функција на понатамошно образование и вклучување на пазарот на труд. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот, како и нивно осамостојување при извршување на секојдневните задачи на работа.

Начин на реализација:

Програмата се реализира преку практична и теоретска настава и води до стекнување на сертификат за Дигитален маркетер.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Секоја наставна единица е поткрепена со специјално изработени вежби и работа на реални проекти согласно интерни наставни програми.

 

Модули на програмата:

1.      Основи на маркетинг

2.      Вовед во дигитален маркетинг

3.      Дигитална маркетинг стратегија

4.      Генерирање на потенцијални клиенти

5.      Маркетинг преку електронска пошта

6.      Оптимизација за интернет пребарувачи

7.      Закуп на рекламен простор на дигитални платформи

8.      Маркетинг на социјални мрежи

9.      Закуп на рекламен простор на социјалните мрежи

10.  Креирање на содржина за дигитални платформи

11.  Аналитика и градење однос со клиентите

12.Кариера

 

Вреднување на постигнувањата

Оценувањето на постигањата на учесниците ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и постигнувањата во текот на целата обука (теоретска и практична).

На крај се изработува и презентира завршен проект преку кој се дефинираат стекнатите вештини и компетенции.

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:

·       Препознава видови на маркетинг,

·       Креира маркетинг процес за производ, услуга или бренд,

·       Креира дигитална маркетинг стратегија за производ, услуга или бренд,

·       Препознава клучните елементи за генерирање на потенцијални клиенти,

·       Користи електронска пошта како алатка за маркетинг активности,

·       Креира креативни содржини наменети за дигиталните канали за комуникација,

·       Спроведува маркетинг кампањи на дигиталните канали за комуникација,

·       Избира соодветни канали за комуникација на социјалните мрежи,

·       Пронаоѓа иновативни решенија за остварување на маркетинг целите за производи, услуги или брендови,

·       Спроведува закуп на рекламен простор на дигиталните платформи,

·       Спроведува закуп на рекламен простор на социјалните мрежи,

·       Прави евалуација за успешноста на превземените маркетинг активности на дигиталните канали за комуникација,

·       Креира визуелен дизајн на целосно прилагодлива веб страна и/или апликација,

·       Врши основна SEO оптимизација на елементи од веб страна,

·       Комуницира со соработници и деловни партнери,

·       Подготвува патека за кариерен развој,

·       Изработува документи за себе промоција.

 

Сертификат

Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката и изработи завршен проект, ќе се стекне со сертификат за успешно завршена програма за Дигитален маркетер.

 

Просторни услови

Наставата се одвива во специјализирана компјутерска предавална со потребна опрема или пак он лајн на соодветна платформа за настава.

 

Напредување од програмата

Програмата нуди можност за напредување во кариера на повисоки нивоа во внатрешен дизајн, како и препознатливост во професијата со вклучување на пазарот на труд преку вработување во фирма или самостојна работа (Eng. Freelancer).

Верификацијата истекува во април 30, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесници на со завршено минимум четиригодишно средно образование и кои имаат претходни основни познавања од англиски јазик, Windows и MS Office.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

92

Пракса

133

Оценување

0

Вкупен број на часови

225

Датум на верификација

30/04/2024

Скопје

UX дизајнер

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content