Декоративен маникир

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата “Декоративен маникир” е насочена кон работно оспособување на учесниците од областа на козметиката.По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно технички норми за спроведување на козметичка дејност,подготвува работно место и клиент за третман, изведува надградба и декорација на ноктите на рацете, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина, комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците за полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на учесниците ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.
Структурата на програмата  за “Декоративен маникир” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на постигањата на учесниците со завршен испит. Во реализација на програмата учествуваат стручни лица, Теоретскиот дел од обуката ќе го реализира  обучувач со завршено високо образование,  VII/1 степен, со завршени студии по медицина одсек дерматологија, a за практичниот дел, сертифицирано лице со работно искуство во декоративен Маникир. Програмата ќе се реализира во специјализирана предавална со потребна опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства и салони за козметика.
Учесникот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат по програма за “Декоративен маникир”
Времетраењето на програмата е 123 часа.

Верификацијата истекува во јануари 16, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Наполнети 17 години

Минимум основно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

28

Пракса

95

Оценување

0

Вкупен број на часови

123

Датум на верификација

16/01/2024

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content