Главната цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за готвач во угостителски објект. Во програмата ќе бидат опфатени сите техники на готвење. Програмата овозможува работно оспособување за Готвач во угостителски објект и истата е со тримесечно времетраење, 250 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои ќе се реализираат во училница и практичната обука која пак, се изведува во кујни во ресторани или хотели. По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да ја подготвува и ја организира својата работа, да составува листа на јадења и менијата за редовните оброци и да приготвува прехранбени продукти на различните видови готварски производи, ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основни сосови, јадења од месо, риби, прилози, вегетаријански и национални јадења, салати, да ги сервира, декорира и ги испорачува јадењата во соодветни садови, да ја води и ја ажурира евиденцијата за работата во кујната, да работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите, да извршува работите во согласност со прописите за заштита на работната средина и околината, да ги познава правата од работен однос и можностите за отварање и водење на сопствен бизнис. На крајот на успешно реализираната обука кандидатите ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за готвач.