ВУЛКАНИЗЕР И БАЛАНСЕР

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата ВУЛКАНИЗЕР  И  БАЛАНСЕР овозможува работно оспособување на учесникот односно стекнување на знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување со потребните машини, опрема и алати на работното место. Учесникот да се оспособи да планира и организира работа со дигалки, машини за монтирање и демонтирање на гуми од бандажи и машини за балансирање на тркала, ракува со пегла за лепење на гуми и пневматици, користи стручна литература и упатства за квалитетни извршување на работата, пополнува документација и работни налози, се грижи за безбедноста при работа, здравјето и заштитата на работната околина.

Програмата преку предвидената реализација на практичната и теоретската обука води до стекнување на Сертификат – „ ВУЛКАНИЗЕР  И  БАЛАНСЕР “. Програмата е со времетраење од 120 часа од кои 30 часа теоретска настава и 90  часа се практична настава. Теоретската настава се одвива во училници или кабинети, а практичната обука ќе се изведува во реални услови – работилница опремени со потребната опрема, машини и алат.
Вреднувањето на постигањата на учесниците во програмата ќе се реализира преку тест  по завршување на  првиот модул и завршен испит  кој се состои од теоретски и практичен дел, по завршување на втриот модул.
Теоретскиот дел од завршниот испитот се состои од проверка на знаењата, вештините и способностите кои се составен дел од програмата за обука. Практичниот дел од испитот подразбира практична проверка на стекнатите знаења од вулканизирање и балансирање на тркала од моторни возила. По успешно положениот завршен испит учесникот се стекнува со сертификат – ВУЛКАНИЗЕР И БАЛАНСЕР.

Верификацијата истекува во мај 11, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесници во програмата можат да бидат лица кои:

– имаат завршено најмалку основно образование,

– поседуваат возачка дозвола од „Б“ категорија.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

30

Пракса

90

Оценување

0

Вкупен број на часови

120

Датум на верификација

11/05/2022

-

РАКУВАЧ СО ВИЉУШКАР

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content