Главна цел на програмата е образование ,едукација и оспособување на учесниците на програмата за да стекнат знаења ,вештини и ком пентенции за квалитетно изведување на работните задачи во занимањето бравар
Програмата се реализира преку теоретска и практична настава Модуларни единици во наставната програма се:
- Видови материјали
- Алати,машини и уреди
- Подготовка на работното место
- Оперативни работи
- Одржување и поправка на опремата,машините,апаратите,уредите и алатите
- Заштита на работата, здравјето и околината
Времетраење на програмата е 250 часа од кои 75 часа се предвидени за теоретска настава,а 175 часа се предвидени за практична настава. Наставата се реализира од понеделник до петок .Теоретската настава се изведува во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по машинство, а практичниот дел со дип. инж. По машинство или бравар со 3 год. работно искуство
Вреднувањето на постигањата на учесниците се спроведува со тест по завршување на теорискиот дел од обуката ,а со завршен испит по завршувањето на практичниот дел.По успешно положен завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнува со сертификат Бравар