Започна процесот на консултации со релевантни чинители за дефинирање на приоритетите на новата Стратегија за образование на возрасните 2025 – 2030

Една од централните активности во рамките на проектот „Имплементација на Европската агенда за учење на возрасните во Северна Македонија“, кој го реализира Центарот за образование на возрасните, како национален координатор за имплементација на Европската агенда за образование на возрасните, е изработката на нова Стратегија за образование на возрасните 2025 – 2030. Оваа мерка има за […]

Новата Стратегија за образование на возрасните 2025 – 2030 е во изработка

Новата Стратегија за образование на возрасните 2025 – 2030 е во изработка   Една од централните активности во рамките на проектот „Имплементација на Европската агенда за учење на возрасните во Северна Македонија“, кој го реализира Центарот за образование на возрасните, како национален координатор за имплементација на Европската агенда за образование на возрасните, е изработката на […]

Имплементација на Европската агенда за учење на возрасните во Северна Македонија

Центарот за образование на возрасните, како национален координатор за имплементација на Европската агенда за образование на возрасните, доби грант од Европската извршна агенција за образование и култура – EUROPEAN EDUCATION AND CULTURE EXECUTIVE AGENCY (EACEA) за реализација на проектот „Implementing priorities for the European Agenda for Adult Learning – National Coordinators for the implementation of […]

Потпишувањето на договорот како дел од проектот за реализација на средно стручно образование за возрасни.

Со задоволство ве информираме дека СУГС Цветан Димов по пријавуванјето на шестиот проект беше избрано како училиште што ќе ги спроведува јавни образовни програми за возрасни од страна на Центарот за образование на возрасните за текнички и економски профил.Нашето училиште уште порано ја докажа својата професионалност бидејќи ова е шести последувателен проект од ваков карактер […]

Потпишан меморандум за соработка со центарот за образование на возрасните

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, г. Беким Мурати, потпиша меморандум за соработка со директорката на ЈУ Центар за образование на возрасните, г-ѓа Аделина Алији. Со овој меморандум се дефинираат активностите за зајакнување и продлабочување на меѓусебната професионална соработка на двете институции.

‟ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА ЗА ВОЗРАСНИ – ЕВРОПСКИ ТРЕНДОВИ ВО МАКЕДОНСКАТА РЕАЛНОСТ‟

НАЕОПМ организираше конференција на европските мрежи Евридика и Епале кои функционираат во рамките на Националната агенција – ‟ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА ЗА ВОЗРАСНИ – ЕВРОПСКИ ТРЕНДОВИ ВО МАКЕДОНСКАТА РЕАЛНОСТ‟ која  се одржа на 10 декември. На настанот се направи промоција на тематскиот извештај на Евридика за Образование на возрасни: ИЗВЕШТАЈ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА НА ВОЗРАСНИ 2021, кој ќе понуди […]

Денови на доживотно учење 2021

Директорот на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје, г-ѓа Аделина Алији на 26.10.2021 година, присуствуваше на конференцијата „Денови на доживотно учење“, во организација на Центарот за доживотно учење, при Филозофски Факултет Скопје. Конференцијата има за цел афирмирање на концептот за доживотно учење во општеството. На конференцијата, директорот на ЈУ Центар за образование на […]

Пилотирање на Валидација на неформално и информално учење

Во периодот од мај 2020 година до јуни 2021 година ЈУ Центар за образование на возрасните, во соработка со проектот Образование за вработување во Северна Македонија (Е4Е@мк), СУГС „Лазар Танев“ – Скопје реализираше активности поврзани со процесот на пилотирање на Валидација на неформално и информално учење за квалификацијата Келнер. Пилотирањeто на Валидацијата во неколку етапи […]

Известување

ЈУ Центар за образование на возрасните-Скопје (ЦОВ) како општествено одговорна институција грижејќи се за своите вработени, корисниците и граѓаните постапува по дадените препораки во согласност со мерките и активности за превенција од ширењето на корона вирусот од страна на Владата на Република Северна Македонија. Во услови на засилени мерки за превенција Ве известуваме дека ЦОВ […]

Размена на искуства со Република Косово

На 30,31.10.2019 година Центарот за образование на возрасни беше домаќин на делегација од Р.Косово, односно претставници на Агенцијата за стручно образование и обука и образование на возрасни, каде што целта на посетата беше размена на искуства во областа на стручното образование и обука и образованието на возрасни.Во текот на оваа посета се одржаа неколку средби […]

Проект – Стручно образование за возрасни

Денес на 28.10.2019, во просториите на Центарот за образование на возрасни,директорката на центарот г-а.Линдита Ќазими заедно со директорот на СУГС „Цветан Димов“ г.Висар Дураку го потпишаа договорот за почеток на проектот – Стручно образование за возрасни. Со овој проект на граѓаните им нудиме бројни можности на пазарот на трудот и унапредување во работата. Проектот е […]

Студиска посета во Букурешт,Романија

Во рамки на активностите на Националните координатори за спроведување на Европската агенда за образование на возрасните, во периодот ноември 2017 – декември 2019 година, Центарот за образование на возрасните како национален координатор, го спроведува проект „Работен план на националниот координатор за учење на возрасните: Македонија“ (National Coordinator for Adult Learning Work Plan: Macedonia). Поконкретно, во […]

Обука за проценувачи во процесот на валидација на неформалното и информалното учење (ВНИУ)

ЈУ Центар за образование на возрасните, со поддршка на Центарот за доживотно учење, организира петдневна обука за проценувачи во процесот на валидација на неформалното и информалното учење. Обуката беше наменета за лица од образованието и стручни лица од пазарот на трудот, кои ќе учествуваат  во фазата на пилотирање на процесот на ВНИУ наредната година. ЈУ […]

Проценка на вештини и валидација на нефомалното и информалното учење

Во рамки на активностите на Националните координатори за спроведување на Европската агенда за образование на возрасните и како дел од проектот „Работен план на националниот координатор за учење на возрасните“ (National Coordinator for Adult Learning Work Plan), на 4 и 5 декември во Бон, Германија се одржа Peer Learning Activity на тема „Проценка на вештини и валидација […]

Обука „Проценка во контекст на валидацијата на неформалното и информалното учење (ВНИУ)

Во периодот од 29-ти октомври до 2-ри ноември 2018 година, во организација на Центарот за образование на возрасните, а  поддржано од Центарот за доживотно учење, се одржа обука за обучувачи на проценувачи за процесот на ВНИУ. Целта на оваа обука е понатамошно придонесување во активностите за градење на капацитети на обучувачите на оценувачи во ВНИУ […]

Континуирано усовршување – услов на подобрување на заштита при работа

Во рамките на 15-та меѓународна конференција : Континуирано усовршување – услов на подобрување на заштита при работа која се одржува од 18-22 септември во Кладово, Р. Србија, активно учество имаат директорката на ЈУ Центар за образование на возрасни Љиндита Ќазими и Лилјана Лазова од ЦОВ.

Консултативна средба за нацрт анализата Примери за валидација на неформално образование на возрасни и информално учење од земји од ЕУ и препораки за Македонија“

Во рамките на соработката меѓу Центарот за образование на возрасните со Центарот за доживотно учење, а со финансиска поддршка од DVV International  од Германија, изготвена е компаративна анализа „Примери за валидација нанеформално образование на возрасни и информално учење од земји од ЕУ ипрепораки за Македонија“. Целта на оваа анализа е да придонесе кон развојот на […]

Семинар за признавање и валидација во образование на возрасни

Од 06.11 – 10-11.2016 во Толедо, Шпанија се одржа контакт семинар за признавање и валидација во образование на возрасни. На семинарот учество земаа 50 учесници од цела Европа. Од Р.Македонија имаше 3 претставници: Од  ЈУ Центар за образование на возрасни, М6 Едукативен Центар и НВО Жетва на знаење. На семинарот беа промовирани  предлози за Проекти за […]

ДЕНОВИ НА ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ Кичево, 13.10.2016

Во рамки на овогодинешната манифестација Денови на доживотно учење на 13-ти октомври во Кичево се одржа трибина на тема: „Можностите за образование на возрасни – Доживотното учење во општеството“. Организатор на овој настан беше Центарот за развој на заедницата од Кичево со финансиска поддршка од DVV Intеrnational од Бон, СР Германија. Целта на трибината беше […]

Студиска посета во Франција

Со иницијатави на Коалиција на младински организации СЕГА и во согласност со Национална Стратегија за Мади на Република македонија 2016-2025, преку проект „Програма за децентрализирана соработка помеѓу регионот на Долна Нормандија од Франција и Република Македонија, беше организирана студиска посета се со цел Трансфер на добри пракси од примената на системот на вреднување на младинската […]

Доделување на дипломи за дооформување на средно стручно образование за возрасни во Општина Арачиново

Министерството за образование и наука во соработка со Центарот за образование на возрасните – Скопје, во мај 2010 година започна со реализација на Програмата за образование на возрасни во Општина Арачиново. Во првата фаза на консултативно–инструктивна настава беа опфатени 140 кандидати на возраст од 15 до 25 години со завршено само основно образование. За успешна […]

Јавен оглас за избор на надворешен соработник за користење интелектуални услуги за програмата Туристички водич (2 извршители).

Врз основа на член 21-б став 4 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12,41/14,144/14 и 146/15) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува ЈАВЕН ОГЛАС (26.11.2015) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на надворешен соработник за користење […]