Фризер

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главната цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за фризер. Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука и води до стекнување на сертификат за фризер.

По успешното завршување на програмата  учесникот ќе  се оспособи самостојно да подготвува, организира и извршува работни задачи; рационално користи материјали, опрема и време; комуницира со корисниците на услуги; приготвува клиент; разликува методи за одредување на статусот на косата, идентификува и правилно користи приборот и средствата за работа, избира средства за миење на косата,          мие коса, изведува различни техники на масажа на скалп, користи основните техники на фенирање, боење, шатирање, бланширање, применува техники за виткање на коса, користи основните техники на потстрижување на долга, средна и кратка коса, гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги и одговара за нив; да извршува работите во согласност со прописите за заштита на работната средина и околината, да ги познава правата од работен однос, комуникација со соработници и сл.

Времетраењето на програмата е 210 часа од кои 46 часа се стручна теорија, 144 часа се практична обука во реални работни услови и 20 часа се наменети за оценување.

Проверка на знаењето и оценувањето ќе се изведува во тек на обуката и на крај од обуката како завршен испит. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата во училница/просторија опремена согласно норматив за опрема и наставни средства и помагала и во фризерски салон соодветно опремен. За реализација на програмата ќе бидат вклучени двајца предавачи: лице со завршени студии по медицина и професионален фризер.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви (Напреден курс и Специјализиран курс).

Верификацијата истекува во јануари 19, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Pjesëmarrësi duhet të ketë përfunduar së paku arsimin fillor.

Mosha mbi 15 vjec.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

66

Пракса

144

Оценување

0

Вкупен број на часови

210

Датум на верификација

19/01/2022

Струмица

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content