Монтер, инсталатер и опслужувач на хибридни фотоволтаични системи за топла вода и електрична енергија

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини, односно компетенции за монтирање, инсталирање и опслужување на хибридни фотоволтаични системи за топла вода и електрична енергија.

Пазарот на труд бара кадри кои ќе работат на хибридни фотоволтаични системи од причина што недостатокот на енергија продуцирана од конвенционални извори кој е присатен во целиот свет, не ја заобиколува и нашата земја. Трендот во последните години е наоѓање алтернативни можности за производство на енергија, а една од тие алтернативи е искористувањето на сончевата енергија. Оспособувањето на вакви кадри ќе овозможи пополнување на недостатокот со обучени човечки ресурси за монтирање, инсталирање и опслужување на хибридни фотоволтаични системи за топла вода и електрична енергија, како и оспособување на работна сила која ќе може да развива сопствен бизнис во ова подрачје.

Програмата „Монтер, инсталатер и опслужувач на хибридни фотоволтаични системи за топла вода и електрична енергија“ се состои од пет модули. Модулот 1. – Основи на електротехника, машинство и материјали третира стекнување базични знаења и вештини од технички аспект за законитостите во електротехниката и машинството потребни да бидат применувани за работа на хибридни фотоволтаични системи за топла вода и електрична енергија. Модулот 2. – Монтирање и инсталирање хибридни фотоволтаични системи за топла вода и електрична енергија, третира стекнување знаења и вештини од процесен аспект за организација, монтажа и инсталација на вакви системи. Модулот 3. – Пуштање во работа и одржување хибридни фотоволтаични системи за топла вода и електрична енергија третира стекнување знаења и вештини од технички аспект за соодветно однесување према ваков систем при неговото користење. Модулот 4. – Квалитетна и сигурна работа на хибридни фотоволтаични системи за топла вода и електрична енергија третира стекнување знаења и вештини од процесно квалитативен аспект за осигурување на квалитет и постигнување висок степен на безбедност и заштита при работа со овие системи. Модулот 5. – Администрирање и комуницирање при работа на хибридни фотоволтаични системи за топла вода и електрична енергија третира стекнување на знаења и вештини од аспект на потребно администрирање и соодветно комуницирање при работа на вакви системи и претставува додадена вредност на Програмата во однос на оспособување на учесниците за самостојно водење на бизнис.

Времетраење на програмата е 400 часа при што 120 часа се програмирани за реализација на теоретската настава, а 280 часа за реализација на практичната настава. Изведбата на истата ќе биде во простории и објекти со услови соодветни за реализација на ваква програма.

Оценувањето и вреднувањето на постигнатоста на резултатите од учењето на учесниците ќе се врши врз основа на критериумите за оценување, и тоа, формативно во текот на реализацијата и сумативно на крајот од секој модул.

По реализација на програмата учесниците се стекнуваат со сертификат „Монтер, инсталатер и опслужувач на хибридни фотоволтаични системи за топла вода и електрична енергија“.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Të ketë përfunduar arsimin e mesëm me kohëzgjatje minimale tre vjeçare (arsim profesional për profesione)

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

120

Пракса

280

Оценување

0

Вкупен број на часови

400

Датум на верификација

13/10/2021

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content