Директорката на Центарот за образование на возрасните, Наиме Ислами Зеќири, и директорот на Агенцијата за вработување, г. Аднан Ејупи, денес потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зацврстува меѓуинституционалната соработка во насока на создавање повеќе можности за образование, стручно оспособување и полесна интеграција на граѓаните на пазарот на трудот.
Овој меморандум претставува значаен чекор кон развојот на човечкиот капитал и потврда на заедничката заложба за обезбедување поквалитетно образование, унапредување на вештините и отворање нови можности за вработување.
Веруваме дека преку ваквите партнерства ќе придонесеме кон поефикасен систем на доживотно учење и подобра поврзаност помеѓу образованието и потребите на пазарот на трудот.
Меѓуинституционалната соработка останува еден од клучните столбови за градење поразвиено, поинклузивно и поуспешно општество.