Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за диагностицирање и сервисирање на неисправности на моторните возила.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Дијагностичар на мехатронички системи кај возилата“.
Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 50 часа теоретска обука, 200 часа се практична обука во реални работни услови .Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по машинство, а практичниот дел со дип. инж. по машинство , автотехничар – мехатроничар(машински техничар за моторни возила), со минимум 5 годишно работно искуство во струката, кој ќе ги обучи учесниците и ќе ги менторира во делот на реализација на практичниот дел,или обучувач со постсредно стручно образование
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тест после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Дијагностичар на мехатронички системи кај возилата“.
Верификацијата истекува во јуни 3, 2027