Посебната програма за стекнување на квалификации за службеник во сметководство е конципирана за да ги обучи кандидатите за:
- Водење книговодствена евиденција;
- Изработка на финансиски извештаи;
- Користење на софтвер за водење сметководство.
Програмата е конципирана од два модули. Првиот модул опфаќа обука за книговодствена евиденција на економските трансакции и изработка на финансиски извештаи.
Вториот модул опфаќа обука за користење на софтвер за водење сметководство, кој е од отворен тип и учесниците може да го користат неограничено и по завршувањето на курсот.
Програмата ќе трае 100 часови, а часовите ќе се одржуваат 2 до 3 пати неделно.
Успешното завршување на оваа програма ќе ја зголеми конкурентноста на учесниците на берзата на трудот за работните места од областа на сметководството и финансиите
Верификацијата истекува во мај 13, 2027