Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи за ракување со градежна механизација за површинска експлоатација.
Програмата се состои од 275 часови, теоретски дел од 50 часови, практичен дел од 200 часови и 25 часови наменети за оценување и самоевалуација.
Теоретската настава се реализира во училница опремена со наставен инвентар: клупи, столови, компјутери, интернет врска, проектор со платно за проекција со кој учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на модулите кои се составен дел од програмата.
Практичната настава се реализира преку демонстрирање на употребата, како и практична примена од страна на учесниците на градежната механизација за површинска експлоатација на обезбедени локации и простории за товарање и истоварање, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на градежната механизација.
Оценувањето на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата се реализира преку испит. Испитот се состои од теоретски и практичен дел.
Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од модулите кои се составен дел од програмата.
Практичниот дел од испитот подразбира теренска проверка на стекнатите знаења од ракување градежна механизација за површинска експлоатација на соодветна локација.
Програмата ја спроведува тим на искусни инженери од соодветната област (машинство, сообраќај и транспорт, електротехника и технолошки науки) и квалификувани ракувачи со градежна механизација за површинска експлоатација, со најмалку 5 годишно работно искуство.
По успешно завршување на теоретска и практична настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде Сертификат за Ракувач со градежна механизација за површинска експлоатација.
По успешно спроведената програмата, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции за извршување на работата Ракувач со градежна механизација за површинска експлоатација.
Верификацијата истекува во април 2, 2027