Ѕидар

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

-Главна цел на посебната програма за образование на возрасните е наменета за лица постари од 17 години со завршено основно образование. Преку програмата учесниците ќе стекнат знаења, вештини и компетенции неопходни за извршување на занимањето ѕидар од секторот градежништво и геодезија.

Ѕидарот е градежен работник кој користи тули и блокови,  плочки, и природен  и вештачки камен  за изработка на ѕидови, надвратници, натпрозорници, подови, оџаци, и други елементи. Sидарите  може да се специјализираат  за  ѕидање на елементи од станбени објекти  и објекти од поголем обем.

Sидарите исто така може да  санираат постари градби од тула, санираат и заменуваат стар малтер кој попуштил или испаднал со текот на годините, истовремено задржувајќи  ја безбедноста  на објектот.

Здравјето и безбедноста се екстремно важни во градежната индустрија и ѕидарите мора секогаш да применуваат безбедни работни практики кога работат со тешки материјали, рачни и електрични уреди, ситна механизација како мешалка, опасни материјали, како и кога работат на висина, од скеле и скали.

Со успешно совладување на програмата учесникот ќе стекне теоретски знаења и практични вештини за да може да користи тули и блокови, плочки, камен за  изработка на ѕидови, надвратници, натпрозорници, подови, оџаци, и други елементи, како и да санираат  постари градби,  според прописите за здравје и безбедност при работа и да комуницира со соработниците и претпоставените.

-Теоретската настава ќе се реализира во училница/кабинет, опремена со соодветен наставен инвентар. Практичната настава ќе се реализира во кабинет или на терен при тоа ќе се врши демонстрирање на процесот на ѕидање и практична работа од страна на учесниците.

Оценувањето на добиените знаења и вештини ќе се врши преку испит, кој ќе се спроведе по завршување на програмата, а ќе се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел од испитот се состои од усно излагање на кандидатот на прашања кои ги поставува комисијата. Практичниот дел подразбира практична проверка на стекнатите знаења.

 

Програмата се состои од 210 часови од кои 50 за стекнување на теоретски знаења и 150 за стекнување на практични вештини. Од вкупниот број на часови 10 часови ќе бидат наменети за оценување на учесниците кои ќе се реализираат во текот на програмата.

 

По успешно завршување на програмата, на учесниците ќе им се додели Сертификат за Ѕидар.

Верификацијата истекува во ноември 24, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Кандидатите да имаат завршено минимум основно образование и наполнети 17 год.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

55

Пракса

155

Оценување

0

Вкупен број на часови

210

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content