Главна цел на Програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини, односно компетенции за дресура и социјализација/ресоцијализација на кучиња. Програмата овозможува со поучување на сопствениците на кучиња и нивните кучиња стекнување вештини потребни за нормално функционирање во општеството и потесното опкруживање. Истата се реализира преку теоретска и практична настава при што акцентот е ставен на практичната обука.
Трендот во последните години во општеството е вдомување на миленичиња-кучиња без соодветна подготовка и знаења за чување куче. Обуката согласно Програмата „Дресер и социјализатор на кучиња“ треба да овозможи оспособување за правилен избор на куче, подготовка на соодветни услови за чување куче, социјализација/ресоцијализација на кучето и сл. Исто така, како додадена вредност на подолг период се очекува позитивно влијание врз идните сопственици и нивните кучиња на соодветно однесување, а со тоа подобра состојба во општеството на ова поле. Времетраење на програмата е 125 часа при што 30 часа се посветени на теоретска настава, а 95 часа се практична обука. Предвидените часови се наменети за реализација и вреднување на постигнувањата од модулите: 1. Планирање, подготовка и организирање на дресерска работа 2. Безбедност и заштита при дресура на кучиња 3. Раси и групи на кучиња 4. Дресура на кучиња 5. Социјализација на кучиња Специфичноста на проблематиката која ја третира Програмата „Дресер и социјализатор на кучиња” бара интегриран пристап во реализација на вежбите како составен дел на практичната обука од страна на сопственикот на кучето и неговото куче. Оценувањето и вреднувањето на постигнатоста на резултатите од учењето на учесниците ќе се врши врз основа на критериумите за оценување, и тоа, формативно во текот на реализацијата и сумативно на крајот од секој модул. По реализација на програмата учесниците се стекнуваат со сертификат „Дресер и социјализатор на кучиња“. |
Верификацијата истекува во јануари 25, 2027