Front-end оператор

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Учесникот со изучување на програмата ќе ги реализира следниве цели:

·         Да креира програми со користење на оператори и основни функции.

·         Да креира бренчови.

·         Да користи класи во Bootstrap.

·         Да креира ЈavaScript документ со користење на правилна ЈavaScript синтакса како и поврзување со HTML документ.

·         Да креира решенија со платформата Bootstrap.

·         Да користи ЈavaScript библиотеки, jQuery и React.js.

·         Да користи систем за менаџирање содржина WordPress.

·         Да менаџира бази.

·         Да подготви сопствено портфолио.

Програмата се реализира преку практична и теоретска настава.

Начин на оценување:

·         Се оценува редовноста на учесникот.

·         Се оценува активноста на учесникот.

·         Се оценува изработката на домашни задачи.

·         Се оценуваат завршните проекти.

Модули на програмата:

·         Модул 1: Вовед во програмирање и програмски јазици.

·         Модул 2: Развој на апликација со програмски јазици.

·         Модул 3: Развој на веб решенија со системи за менаџирање на содржина.

·         Модул 4: Изработка на портфолио со програмски јазик.

Времетраење:

Времетраењето на програмата е 275 наставни часа, од кои 72 теоретска настава и 203 практична настава.

Теоретската и практичната настава ќе се изведуваат од понеделник до четврток и секој втор петок по утврден распоред.

Број на кредити:

По завршување на програмата учесникот ќе се стекне со 11 кредити.

Вреднување на постигнувањата:

Оценувањето на учесниците ќе се врши врз основа на постигнатите резултати.

Се изработуваат завршни проекти како и портфолио каде учесниците ги применуваат стекнатите знаења.

По завршување на програмата учесниците ќе бидат способни да:

·         користат HTML & CSS технологии за креирање на веб решенија;

·         користат програмски јазици за развој на веб и мобилни апликации;

·         користат Bootstrap;

·         користат библиотеки;

·         користат GIT за колаборација;

·         користат WordPress;

Просторни услови:

Наставата ќе се реализира комбинирано, во училница каде секој учесник работи на компјутер, се користи опрема за презентација како проектор, платно, компјутер, звучници, микрофон и на далечина преку платформата Teams.

Сертификат:

По завршување на програмата учесникот ќе се стекне со сертификат за стручна квалификација “Front – end оператор”.

Верификацијата истекува во септември 16, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено средно образование.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

78

Пракса

197

Оценување

Вкупен број на часови

275

Датум на верификација

16/09/2024

-

Оператор за графички дизајн

Оператор за UI/UX дизајн

Оператор за веб дизајн

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content