Учесникот со изучување на програмата ќе ги реализира следниве цели:
- Да користи основни алатки за графички дизајн: Adobe Photoshop, Adobe Illustrator и Adobe InDesign..
- Да толкува дизајн и теорија на уметност, теорија на бои и типографија.
- Да креира илустрации и векторска графика.
- Да уредува и манипулира фотографии.
- Да обработува десктоп материјали: флаер, брошура, каталог и книга.
- Да дизајнира различни типови на логоа.
- Да изработува бренд идентитет.
- Да применува фотографии.
- Дизајнира амбалажа.
- Да подготви сопствено портфолио.
Програмата се реализира преку практична и теоретска настава.
Начин на оценување:
- Се оценува редовноста на учесникот.
- Се оценува активноста на учесникот.
- Се оценува изработката на домашни задачи.
- Се оценуваат завршните проекти.
Модули на програмата:
- Модул 1: Основни алатки за дизајн.
- Модул 2: Основи на дизајн процес.
- Модул 3: Креирање на бренд искуство.
- Модул 4: Дизајн на печатени материјали.
Времетраење:
Времетраењето на програмата е 250 наставни часа, од кои 82 теоретска настава и 168 практична настава.
Теоретската и практичната настава ќе се изведуваат три пати во неделата по утврден распоред.
Број на кредити:
По завршување на програмата учесникот ќе се стекне со 10 кредити.
Вреднување на постигнувањата:
Оценувањето на учесниците ќе се врши врз основа на постигнатите резултати.
Се изработуваат завршни проекти како и портфолио каде учесниците ги применуваат стекнатите знаења.
По завршување на програмата учесниците ќе бидат способни да:
- користат софтвер за векторска графика;
- користат софтвер за растерска графика;
- користат софтвер за десктоп издаваштво;
- дизајнираат лого;
- креираат бренд идентитет;
- дизајнираат постер;
- дизајнираат флаери, брошури и каталози;
- дизајнираат амбалажа;
Просторни услови:
Наставата ќе се реализира комбинирано, во училница каде секој учесник работи на компјутер, се користи опрема за презентација како проектор, платно, компјутер, звучници, микрофон и на далечина преку платформата Teams.
Сертификат:
По завршување на програмата учесникот ќе се стекне со сертификат за стручна квалификација “Оператор за графички дизајн – основно ниво”.
Верификацијата истекува во септември 16, 2027