Руски маникир и педикир

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења и вештини, компетенции за примена на сите техники на Рускиот маникир и педикир(со апаратура електрична турпија и електричен додаток во вид на пламен). По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салон, применува санитарно технички норми за спроведување на козметичка дејност,подготвува работно место и клиент за третман, изведува апаратен маникир со електрична турпија за да го отвори епонихиумот и да ја отстрани кутикулата, нанесува основни материјали како што се дехидратор, прајмер, транспарентна база, изведува основни техники во надградба на ноктите со шаблон или горни типсови и декорација на надградениот нокт со нанесување на гел лак под кутикула, изведува сув апаратен маникир на стапала и сув апаратен педикир со падови, да препознае состојба на ноктената плочка, болести на ноктите на рацете и нозете,да избира  состав на материјалите за рускиот маникир и педикир според еу стандарди, да прави дезинфекција и стерилизација на алатките како што се ножички, цангла, фреза за кутикула, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина, комуницира и соработува во тим. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука. Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука и на завршниот испит. За проверка на знаењата и вештините ке се применуваат методите: усно и писмено проверување, практична работа и портфолио од вежби. На крајот од обуката учесниците полагаат завршен испит и се стекнуваат со сертификат по верифицирана програма за Руски маникир и педикир.

Времетраењето на програмата 163 часа од кои 43 часа теорија, 120 часа практична обука. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.

Верификацијата истекува во јуни 18, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Niveli i arsimit fillor: arsimi fillor dhe mosha të paktën 15 vjeç. Niveli i dëshirueshëm i arsimimit: arsim trevjeçar ose katërvjeçar (nga çdo profesion)

 

Kërkesa shtesë për kandidatët, domethënë nuk kërkohen kushte shtesë.

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

43

Пракса

120

Оценување

0

Вкупен број на часови

163

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content