Комерцијалист за мегународна продажба
Кога компанијата ќе достигне одредено ниво на успех на пазарот во сопствената земја, веројатно е вистинско време своите деловни активности да ги прошири на меѓународните пазари. Ова е посебно важно за компании кои потекнуваат од земји со мал национален пазар и економии со ограничени ресурси, како што е македонскиот, бидеќи истите практично се принудени да се интернационализираат за да опстанат. Во оваа мисија на интернационализација компанијата треба да поседува комплекс на квалитетни перформанси за да успее на меѓународно ниво (глобалниот пазар). Со оглед на конкуренцијата које владее во меѓународната трговија и глобалниот пазар, за успех е потребна висока професионалност, следење и примена на најновите трендови во индустријата каде компанијата припаѓа, беспрекорна организација и висока продуктивност, што значи дека секоја импровизација е исклучена. Активностите на странските пазари се многу покомплексни во споредба со работата на домашниот пазар и зато бараат висоско профилирани и обучени професионалци кои треба да се идентификуваат пазарите за производот или услугата на компанијата. Мора да се воспостават логистика и синџири на снабдување за да се поддржи испораката на производот или услугата на странските пазари. Треба да се креираат маркетинг кампањи кои ќе се усогласат со странските деловни цели и културните вредности. Траба да ја познаваат законската регулатива во земјите каде се планира и реализира пласманот на производите, деловните обичаи, потрошувачките навики и сл. Затоа, можеби најважен моментум во напорите на компанијата да го интернационализира своето работење е да се регрутираат и обучат вистинските луѓе кои можат да го продадат производот или услугата на меѓународен пазар. Применувајќи го своето знаење и за странските пазари и за напредните техники на продажба, комерцијалистите за меѓународна продажба се клучни во поддршката на проширувањето на организацијата надвор од нејзините домашни граници и помагајќи ѝ да ги исполни нејзините меѓународни продажни цели Според тоа, примарната цела на оваа тренинг програма е да обучи кадри кои ќе можат успешно да ја водат компанијата низ предизвиците на меѓународната трговија. Програмата на обуката има неколку сидра коие се исклучително важни за најзината ефикасност: Поврзаност на теоријата и праксата. Програмата ги имплементира најдобрите теоретски модели за креирање на ваков тип на експерти, но тернасферирани на слушателите од страна на врвни стручњаци и докажани деловни луѓе од оваа област, кои низ призма на практични примери и ситуации ќе им ги приближат и објаснат на слушателите феномените на меѓународната продажба. Мултидисциплиарност.Меѓународниот бизнис обединува многу деловни сектори:комерција, финансии, меркетинг, логистика, право, па и техничко-технолошка проблематика. Сите овие сектори трабе подеднакво добро да се владеат доколку компанијата сака успешан настап во странство. Прогамата на обука е концепирана да ги опфати сите круцијални моменти и фази од овие сктори кои влијаат врз процесите на меѓународната трговија. Интерактивност. Слушателите мора активно да бидат вклучени во обуката. Мора да бидат заинтригирани да поставуваат прашања, слободно да даваат мислења, да расчистуваат дилеми и сл.Таков метод на обука се постигнува Индивидуален пристап. Учесниците/слушатели доаѓаат од резлични индустриски сектори, се со различно предзнаење за темата третирана до обуката, имаат различно едукативно, интелектуално, па и културолошко ниво. Зато е потребно обуката да има опција за индивидуален пристап кон секој учесник, односно да ги детектира осбластите кои слушателот послабо ги владее и да го корегира тој недостаток. Работа со студија на случај на живи компании и случаи (секој учесник ќе развие случај за извоз за неговиот/нејзиниот проект на компанијата ако е можно). Tим од предавачи, докажани експерти, секој во своето поле на експертиза Курсот е уникатно дизајниран за овој регион со цел да вклучи високо признати експерти од меѓународната трговија со долго академско и практично искуство кои ќе ги претстават успесите и предизвиците на меѓународната трговија. Курсот содржи практични лекции од глобалното тргување кои се занимаваат со најважните аспекти на процесот на интернационализација на малите и средните претпријатија, вклучувајќи управување со севкупниот меѓународен бизнис, меѓународна продажба и маркетинг, интеркултурен менаџмент и меѓународни човечки ресурси, глобални извори и логистика, меѓународно финансиско управување и меѓународно право и регулаторни . |
Верификацијата истекува во април 22, 2027