Врз основа на член 41 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15, 30/16 и 64/18) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на Национален експерт за изработка на функционална и техничка спецификација за развој на веб платформа за верификација на програми за образование на возрасните
ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на Национален експерт за изработка на функционална и техничка спецификација за развој на веб платформа за верификација на обуки за возрасни за проектот ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА АГЕНДА ЗА УЧЕЊЕ НА ВОЗРАСНИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (IMPLEMENTATION OF THE EUROPEAN AGENDA FOR ADULT LEARNING IN NORTH MACEDONIA), (PROJECT NUMBER: 101144104-MKD EAAL-ERASMUS-EDU-2023-AL-AGENDA-IBA) (1 извршител).
Заинтересираниот кандидат треба да ги исполнува следниве услови:
- Завршени студии во областа на информатички науки;
- Одлично познавање на англискиот јазик;
- Најмалку 5 години работно искуство во образование;
- Искуство во имплементација на ИТ проекти во областа на системот на образование и обука: најмалку три проекти за развој на ИТ системи во образование и обука.
За предност ќе се смета:
- Потесна специјализација во областа на системот на образование и обука
- Познавање на системот за образование на возрасните во РС Македонија;
- Искуство во имплементирање на меѓународни проекти во образованието.
Заинтересираниот кандидат треба да достави:
- Пријава која треба да содржи:
- име и презиме,
- адреса на живеење,
- телефонски број и електронска пошта за контакт,
- степен и вид на стекнатото образование,
- години на работно искуство во образование
- учество во имплементација на ИТ проекти во образование.
- Кратка биографија.
Потребната документација кандидатот да ја достави на е-пошта до: konstantin.hristovski@cov.gov.mk.
со назнака: Национален експерт за обука на обучувачи за работа со возрасни, PROJECT NUMBER: 101144104-MKD EAAL-ERASMUS-EDU-2023-AL-AGENDA-IBA
во рок од 5 дена од денот на објавување на огласот.
Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапката за одлучување.
Публикуван на 23.04.2024 година.
Прием на апликации до: 27.04.2024 година.