Врз основа на член 41 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15, 30/16 и 64/18) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на Национален експерт за обука на обучувачи за работа со возрасни
ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на Национален експерт за обука на обучувачи за работа со возрасни за проектот ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА АГЕНДА ЗА УЧЕЊЕ НА ВОЗРАСНИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (IMPLEMENTATION OF THE EUROPEAN AGENDA FOR ADULT LEARNING IN NORTH MACEDONIA), (PROJECT NUMBER: 101144104-MKD EAAL-ERASMUS-EDU-2023-AL-AGENDA-IBA) (1 извршител).
Заинтересираниот кандидат треба да ги исполнува следниве услови:
- Завршени магистерски студии во областа на општествените науки;
- Одлично познавање на англискиот јазик;
- Завршена обука на обучувачи за работа со возрасни (второ ниво) од Центарот за образование на возрасните;
- Најмалку 10 години работно искуство во образование на возрасните.
За предност ќе се смета:
- Завршени докторски студии;
- Познавање на системот за образование на возрасните во РС Македонија;
- Познавање на процесите за валидација на неформалното и информалното учење (ВНИУ);
- Искуство во изработка на програми за образоване на возрасни;
- Искуство во соработка со понудувачи на услуги во образованието на возрасните.
Заинтересираниот кандидат треба да достави:
- Пријава која треба да содржи:
- име и презиме,
- адреса на живеење,
- телефонски број и електронска пошта за контакт,
- степен и вид на стекнатото образование,
- години на работно искуство во образование,
- Сертификат за завршена обука на обучувачи за работа со возрасни,
- Кратка биографија.
Потребната документација кандидатот да ја достави на е-пошта до: konstantin.hristovski@cov.gov.mk.
со назнака: Национален експерт за обука на обучувачи за работа со возрасни, PROJECT NUMBER: 101144104-MKD EAAL-ERASMUS-EDU-2023-AL-AGENDA-IBA
во рок од 5 дена од денот на објавување на огласот.
Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.
Публикуван на: 23.04.2024 година.
Прием на апликации до: 27.04.2024 година.