Програмата Аргон Заварувач е посебна програма за образование на возрасни.
Програмата има за цел учесникот работно да се оспособи, односно да стекне знаења, вештини , компетенции и квалитетно извршување на работните задачи од областа на заварување со топлива и нетоплива електрода во заштитна атмосфера на инертен гас ( аргон ).
Програмата се реализира преку теоретска и практична обука, со полагање на завршен испит за стекнување на сертификат Аргон Заварувач.
Времетраењето на програмата е вкупно 250 часа, од кои 75 часа се теоретска настава и 175 часа се практична обука . Во рамките на теоретската и практичната обука учесниците ќе имаат и часови наменети за оценување на постигањата.
Теоретската настава се реализира во современо опремена училница ( училиштен инвентар, ЛЦД проектор, компјутери, СМАРТ табла). Во зависност условите, теоретскиот дел од обуката ќе може да се реализира и од далечина преку апликацијата Classroom.
Практичната обука има за цел работно оспособување на кандидатите за практична примена на стекнатите знаења од областа на заварување со топлива и нетоплива електрода во заштитна атмосфера на инертен гас ( аргон ). Практичната обука се реализра во реални услови – кај работодавачи кои во својата дејност применува технологии на МИГ и ТИГ заварување со соодветна опрема за заварување.
По завршување на програмата учесникот:
- ќе умее правилно да ги користи уредите и опремата за заврување;
- да ги познава материјалите и режимите за заварување;
- да чита техничка документација и технички цртежи;
- да ги познава причините за појава на грешки при заварување;
- ќе користи постапки за отстранување на грешките при заварување;
- ќе разликува разни положби на заварување со примена на МИГ и ТИГ постапка на заварување;
- ќе ги познава правилата за заштита на околната средина и лична заштита.
Верификацијата истекува во ноември 9, 2025