Програмата Масер за козметичка масажа има за цел обука на возрасни лица за стекнување на знаења и вештини за занимање од областа на козметичка масажа.
Основа за изработка на програмата се стандаритедите на занимање Масер и Масер за козметичка масажа, велнес и спа.
Реализацијата на програмата е преку теоретски часови, практична обука и проверка на знаењата и вештините на учесниците. Теоретскиот дел се реализира во соодветно опремена училница/кабинет, а практичната обука се реализира во козметички салон опремен според барањата на стандардите за вршење на дејноста.
Оценување и вреднување на постигањата на секој учесник во програмата ќе се изведува тековно и на завршен испит.
Учесникот кој со успех ќе го положи завршниот испит ќе се здобие со сертификат за Масер за козметичка масажа и ќе биде оспособен за самостојно организирање на простор и работа, изведба на козметички масажи, примена на деловна комуникација со клиенти, примена на санитарно технички норми за заштита на животната и работната средина и интерес за постојан напредок во професијата.
Програмата Масер за козметичка масажа нуди можност за напредување на учесникот во други обуки или повисоки нивои на квалификации од областа на козметика.
Времетраењето на програмата е 185 часа од кои 65 часа се стручна теорија, а 120 часа се практична обука во реални работни услови. Термините во кои ќе се реализира програмата се договараат со учесниците.
Верификацијата истекува во декември 14, 2025