Во просториите на Центарот за образование на возрасните беа доделени сертификати на 32 оценувачи од третата генерација и 2 советници од втората генерација, кои успешно ја завршија обуката одржана во периодот од 9 до 15 септември 2026 година.
Со оваа нова генерација продолжува проширувањето и зајакнувањето на мрежата на професионалци кои ќе придонесуваат во процесот на препознавање и вреднување на знаењата, вештините и искуството стекнати надвор од системот на формалното образование.
Валидацијата на неформалното образование и информалното учење претставува значаен процес кој ги препознава и вреднува знаењата, вештините и искуството што поединците ги стекнале во текот на животот и работата.
Честитки до сите сертифицирани оценувачи и советници!
Им посакуваме многу успех во нивниот професионален развој и веруваме дека нивната работа, посветеност и експертиза ќе придонесат кон создавање нови можности за многу граѓани и кон понатамошно зајакнување на системот за доживотно учење.