Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката 3.2 Обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје, на ден 24.09.2026 година распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
до верификувани спроведувачи на обука
Превземи пријава
ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на верификувани спроведувачи на обука за образование на возрасни за реализација на мерката Обука за побарувани занимања, во рамки на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година. На Јавниот оглас може да се пријават верификувани спроведувачи на обуки кои ќе ги реализираат следниве програми по градови:
- Шивач-Скопје, Тетово, Битола
- Електричар за инсталација и одржување-Скопје
- Слаткар-Скопје
- Службеник на сметководство-Скопје, Тетово, Куманово
- Бравар- Неготино, Струмица
- Заварувач-Неготино
- Електричар за инсталација и одржување-Битола
- Оператор во кол-центар-Струга
- Миг Маг заварувач- Штип
- Дигитален Маркетер- Струмица
- Пожарникар-Скопје, Битола, Велес
- Армирач-Тетово
- Фасадер-Тетово
Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да ги исполнуваат следните услови:
- да имаат решение за верификација на посебна програма за образование на возрасните издадено од ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
- да имаат решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од Министерство за образование и наука или да имаат решение за акредитација на установа/институција за образование на возрасните издадено од ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје.
Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да достават потребна документација:
- Пријавата за учество во мерката – објавена на интернет страната на ЈУ Центар за образование на возрасните (cov.gov.mk)
- Документ за регистрирано дејност – образование на возрасни;
- Потврда/изјава за располагање со стручен кадар кој ќе ја спроведува програмата;
- Решение за верификација на посебна програма за образование на возрасните издадено од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
- Решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од страна на Министерство за образование и наука, или Решение за акредитација на установа/институција за образование на возрасните издадено од ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје до започнување на обуката.
Заинтересираните верификувани спроведувачи кои ќе бидат селектирани за изведување на обука ќе добијат 30.000,00 денари паричен надомест по обучено лице.
Средствата потребни за реализирање на мерката Обука за побарувани занимања е финансирана од Буџетот на Агенција за вработување на Република Северна Македонија.
Потребната документација се доставува најдоцна до 03.10.2026 година до архивата на:
ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје
ул. Димитрие Чуповски бр. 13
1000 Скопје
Некомплетните и ненавремено доставени докумети нема да бидат земени во постапка за одлучување.
ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје