Врз основа на член 40 од Законот за образование на возрасни („Службен весник на РСМ.“ бр.3/25 и 111/26), ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК бр.4/2026
за заинтересирани лица за проценувачи за валидација на неформално образование и искуствено (информално) учење – (ВНОИУ)
Превземи пријава
- Предмет на Јавниот повик:
Со овој јавен повик се повикуваат заинтересирани лица да се пријават за учество во обука за проценувачи за валидација на неформално образование и искуствено (информално) учење (ВНОИУ), во рамки на системот за валидација.
- Сертификација и евиденција
По успешно завршување на обуките:
– на учесниците им се издава сертификат за проценувач за валидација,
– истите се запишуваат во: каталогот на сертифицирани проценувачи за валидација и/или
евиденција која ја води Центарот.
Јавно достапни се на неговата интернет страница на ЈУ Центар за образование на возрасните.
- Трошоци
Трошоците за следење на обуките изнесува 4.000,00 денари по учесник.
Надоместокот се уплаќа на следната трансакциска сметка на Јавната установа Центар за образование на возрасни:
Назив на примач: ЈУ Центар за образование на возрасни
Сметка на корисник: 160016142578719
Приходна шифра: 723119 програма 33
Назнака: надоместок за обука на проценувачи за валидација (ВНОИУ)
- Времетраење на јавниот повик
Јавниот повик трае 10 (десет) дена од денот на неговото објавување на интернет страницата на Центарот.
- За учество во обуката, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- да има завршено образование согласно нормативот за наставен кадар од соодветниот сектор, односно квалификација:
– Фризер;
– Естетичар за нега на раце и нозе;
– Електричар;
– Инсталатер за греење и климатизација;
– Инсталатер на цевководи;
– Поставувач на подови и плочки;
– Ѕидар – фасадер;
– Монтер на сува градба;
– Автомеханичар;
– Автоелектричар;
– Машински механичар;
– Пекар;
– Слаткар;
– Готвач и
– Бариста.
- да има најмалку три години работно искуство во:
– образование како наставен кадар и/или
– работно искуство во реален сектор.
- да има искуство во спроведување или учество во активности поврзани со:
– учење и обука на возрасни лица;
– едукација или поддршка на развој на знаења и вештини.
- Начин и рок на пријавување
Заинтересираните лица поднесуваат:
– пријава за учество;
– кратка биографија (CV);
– доказ за уплата за трошоци од точка 3. На јавниот повик;
– доказ за работно искуство
– доказ за стекнато учење и обука на возрасни лица / едукација или поддршка на развој на знаења и вештини (доколку има доказ).
Пријавите со потребната документација заинтересираните лица да ја достават на следната:
– адреса: До ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје ул. Димитрие Чуповски бр.13 1000, Скопје или
– е-пошта: contact@cov.gov.mk
со назнака: За јавен повик бр.4/2026 за проценувачи за валидација
рок од 10 дена од денот на објавување на јавниот повик.
Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапка за одлучување
Публикуван на: 30.07.2026 година
Прием на апликации до: 08.08.2026 година
Овој Јавен повик се објавува на веб-страницата на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје https://www.cov.gov.mk/