Врз основа на член 40 од Законот за образование на возрасни („Службен весник на РСМ“ бр.3/25 и 111/26), ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК бр.2/2026
за заинтересирани лица за советници за валидација на неформално образование и искуствено (информално) учење – (ВНОИУ) од Државно средно училиште регионален центар за стручно образование и обука, јавна установа за основно и средно образование и комори
Превземи пријава
- Предмет на Јавниот повик:
Со овој јавен повик се повикуваат заинтересирани лица да се пријават за учество во обука за советници за валидација на неформално образование и искуствено (информално) учење (ВНОИУ) од Државно средно училиште регионален центар за стручно образование и обука, јавна установа за основно и средно образование и комори, во рамки на системот за валидација.
- Сертификација и евиденција
По успешно завршување на обуките:
– на учесниците им се издава сертификат за советник за валидација,
– истите се запишуваат во: каталогот на сертифицирани советници за валидација и/или
евиденција која ја води Центарот.
Јавно достапни се на неговата интернет страница на ЈУ Центар за образование на возрасните.
- Трошоци
Трошоците за следење на обуките изнесува 4.000,00 денари по учесник.
Надоместокот се уплаќа на следната трансакциска сметка на Јавната установа Центар за образование на возрасни:
Назив на примач: ЈУ Центар за образование на возрасни
Сметка на корисник: 160016142578719
Приходна шифра: 723119 програма 33
Назнака: надоместок за обука на советници за валидација (ВНОИУ)
- Времетраење на јавниот повик
Јавниот повик трае 10 (десет) дена од денот на неговото објавување на интернет страницата на Центарот.
- За учество во обуката, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- има завршено високо образование со 240 ЕКТС кредити (педагог, психолог, социолог, социјален работник или наставен кадар во Државно средно училиште регионален центар за стручно образование и обука, јавна установа за основно и средно образование и комори);
- има најмалку три години работно и/или практично искуство во областа на образованието, обуката или учењето на возрасни;
- има релевантно искуство во спроведување или поддршка на активности за учење, обука или развој на вештини.
- Начин и рок на пријавување
Заинтересираните лица поднесуваат:
– пријава за учество;
– кратка биографија (CV);
– доказ за уплата за трошоци од точка 3. На јавниот повик;
– доказ за работно искуство
– доказ за стекнато релевантно искуство во спроведување или поддршка на активности за учење, обука или развој на вештини (доколку има доказ).
Пријавите со потребната документација заинтересираните лица да ја достават на следната:
– адреса: До ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје ул. Димитрие Чуповски бр.13 1000, Скопје или
– е-пошта: contact@cov.gov.mk
со назнака: За јавен повик бр.2/2026 за советници за валидација
рок од 10 дена од денот на објавување на јавниот повик.
Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапка за одлучување
Публикуван на: 30.07.2026 година
Прием на апликации до: 08.08.2026 година
Овој Јавен повик се објавува на веб-страницата на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје https://www.cov.gov.mk/