Врз основа на член 40 од Законот за образование на возрасни (,,Службен весник на РСМ.” бр.3/2025), ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за заинтересирани лица за проценувачи за валидација од Регионални центри за стручно образовани и обука

1.​Предмет на Јавниот повик:

Со овој јавен повик се повикуваат Регионалните центри за стручно образовани и обука да пријават лица за учество во обука за проценувачи за валидација, во рамки на системот за валидација на неформално образование и информално учење.

2.​Сертификација и евиденција

По успешно завршување на обуките:

-​на учесниците им се издава сертификат за проценувачза валидација,

-​истите се запишуваат во: Каталогот на сертифицирани проценувачи за валидација и/или

     кои ги води Центарот и се јавно достапни на неговата интернет страница

3.​Трошоци  

Трошоците за следење на обуките изнесува 3000,00 денари по учесник.

Надоместокот се уплаќа на следната трансакциска сметка на Јавната установа Центар за образование на возрасни:

Назив на примач: ЈУ Центар за образование на возрасни

Сметка на корисник: 160016142578719

Приходна шифра: 723119 програма 33

Назнака: надоместок за обука на проценувачи за валидација

4.​Времетраење на јавниот повик

Јавниот повик трае 10 (десет) дена од денот на неговото објавување на интернет страницата на Центарот.

5.​За учество во обуката, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

– Завршено најмалку високо образование (240 ЕКТС);

– Работно или практично искуство од најмалку 5 години во областа на образованието (Производител на млечни производи, Администратор на веб страница, Управувач со трактор, Изработувач на пица, Бариста, Пчелар

– поддршка на учење и развој на вештини на возрасни лицаили

– менторство, едукација и советување на лица за професионален развој.

6.​Начин и рок на пријавување

Заинтересираните лица поднесуваат:

-​пријава за учество,

-​кратка биографија (CV),

-​доказ за работно искуство.

Пријавите се доставуваат најдоцна до 24.01.2026 година, на следната адреса/е-пошта:

До ЈУ Центар за образование на возрасните –Скопје ул.Димитрие Чуповски бр.13 Скопје со назнака: За јавен повик за проценувачи за валидација или на contact@cov.gov.mk

Овој Јавен повик се објавува на веб-страницата на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје  https://www.cov.gov.mk/