Тркалезна маса на тема: Иновативни средини за учење
На 17.09.2025 година, Јавната установа Центар за образование на возрасните беше домаќин на тркалезната маса на тема: „Иновативни средини за учење“ со цел да иницира дијалог и заедничко дејствување на локaлните чинители од образовниот сектор за подобрување на постојните, и развивање на нови средини за учење кои се во склад со потребите на возрасните.
Воведен импулс на оваа тема даде Дајана Хубер – ЕУ експерт од Романија, која претстави различни пристапи, искуства и актуелни трендови од земјите од ЕУ и со тоа ги мотивираше учесниците активно да се вклучат во излагања на своите исклуства, предивици и да споделат идеи за неопходноста од градење на систем за образование на ворасни, по мера на возрасниот учесник во мерки за образование.
Еден од главните заклучоци кој произлезе е неопходноста од делување на локално ниво, преку зголемување на финасирањето на образованието на возрасни и отворање на образовни можности и понуда за сите, како и за дисеминација, промоција и подигање на свеста за можностите за учење и нивното значење за поединецот и општеството во целина. Оваа активност се спроведе како дел од пакетот мерки на проектот „Имплементација на Европската агенда за учење на возрасните во Северна Македонија“, поддржан од ЕАЦЕА а финансиран од Европската комисија.

Funded by the European Union. Views and opinions expressed are however those of the author(s) only and do not necessarily reflect those of the European Union or EACEA.
Neither the European Union nor EACEA can be held responsible for them.