Една од централните активности во рамките на проектотИмплементација на Европската агенда за учење на возрасните во Северна Македонија“, кој го реализира Центарот за образование на возрасните, како национален координатор за имплементација на Европската агенда за образование на возрасните, е изработката на нова Стратегија за образование на возрасните 2025 – 2030.

Врз основа на конусултациите со релевантни чинители по однос на главните приоритети и стратешкиот опфат на овој документ извршени во текот на месец септември годинава, кон крајот на ноември произлезе нацрт верзијата на Стратегијата. Во периодот од 02. до 06.12.2024, ЕУ-експертката ангажирана за нејзина изработка, имаше низа консултации со Јавната Установа Центар за образование на возрасните, како и две работилници одржани на 04. и 05.12. со сите релеванти чинители и Советот на образование на возрасните, со цел да им го претстави нацртот. Сите забелешки и повратни информации, дополненија и предложени измени ќе бидат инкорпорирани во нацрт документот.

Оваа мерка има за цел да му даде поддршка на Советот за образование на возрасни како тело надлежно за стратешко планирање, со што овој централен документ ќе даде придонес кон среднорочно стратешко дефинирање на политиките, со цел зголемување на учеството на возрасни во образование на возрасни и доживотно учење преку унапредување на рамковните услови и создавање овозможувачка средина за учење, во склад со сеопфатните националните приоритети во образованието, како и со европските трендови.

Се планира финализирањето на Стратегијата да е заокружи во првиот квартал од 2025 година.