Новата Стратегија за образование на возрасните 2025 – 2030 е во изработка
Една од централните активности во рамките на проектот „Имплементација на Европската агенда за учење на возрасните во Северна Македонија“, кој го реализира Центарот за образование на возрасните, како национален координатор за имплементација на Европската агенда за образование на возрасните, е изработката на нова Стратегија за образование на возрасните 2025 – 2030.
Оваа мерка има за цел да му даде поддршка на Советот за образование на возрасни како тело надлежно за стратешко планирање, со што овој централен документ ќе даде придонес кон среднорочно стратешко дефинирање на политиките, со цел зголемување на учеството на возрасни во образование на возрасни и доживотно учење преку унапредување на рамковните услови и создавање овозможувачка средина за учење, во склад со сеопфатните националните приоритети во образованието, како и со европските трендови.
Процесот ќе биде партиципативен и ќе опфати конуслтации и вклучување на сите релевантни чинители. Се планира изработката на Стратегијата да се заокружи во првото полугодие од следната година.
Други мерки, предвидени во овој проект, на кои Центарот интензивно работи, се:
– дигитализација на процесот на верификација на посебни програми за образование на возрасните;
– обука на наставници и обучувачи кои изведуваат настава според верификувани програми за образование на возрасните;
– јакнење на капацитетите на новоформираните Регионални центри за стручно образование и обука (РЦСОО);
– промоција на Европската година на вештини и на Пактот за вештини на национално ниво.
Финансирано од Европската унија. Ставовите и мислењата се одраз исклучиво на авторот а не и на Европската унија и на ЈУ Центар за образование на возрасни. Европската унија и ЈУ Центар за образование на возрасни не сносат одговорност за нив.