Врз основа на член 21-б став 4 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15, 30/16 и 64/18) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.37/2024

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на надворешен соработник за користење интелектуални услуги за програмата  Службеник на паркинг(2 извршители).

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

–     да имаат најмалку високо образование од областа;

–     да имаат најмалку 5 години работно искуство во настава во соодветната област или

–     најмалку 10 години работно искуство во соодветната област.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

1.      Пријава за членови на комисии која треба да содржи:

–     име и презиме,

–     работно место,

–     адреса на работно место,

–     адреса на живеење,

–     телефонски број за контакт и

–     степен и вид на стекнатото образование;

2.     Кратка биографија.

Потребната документација кандидатот да ја достави до архивата на:

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Димитрие Чуповски бр.13

1000 Скопје

или на е-пошта: contact@cov.gov.mk

со назнака за избор на надворешен соработник

рок од 5 дена од денот на објавување на огласот.

Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување

Публикуван на: 30.4.2024 година

Прием на апликации до: 4.5.2024 година