Центарот за образование на возрасните, како национален координатор за имплементација на Европската агенда за образование на возрасните, доби грант од Европската извршна агенција за образование и култура – EUROPEAN EDUCATION AND CULTURE EXECUTIVE AGENCY (EACEA) за реализација на проектот „Implementing priorities for the European Agenda for Adult Learning – National Coordinators for the implementation of the Agenda“.

 

Целта на овој проект е да одговори на тековните предизвици во областа на образованието на возрасните, како што се ниската свест и учество во образование на возрасните и доживотното учење, придонес кон забрзување на тековните процеси за исполнување на националните стратешки цели во образованието на возрасните, зајакнување на општата коррдинација меѓу релевантните актери и чинители во градењето синергија за заедничко дејствување, а во согласност со приоритетите дефинирани во Европската агенда за учење на возрасните.

 

Мерките креирани во рамките на овој проект, се насочени кон исполнување на следниве цели:

  1. Зголемување на учеството на возрасни во образование на возрасни и доживотно учење преку унапредување на рамковните услови и создавање овозможувачка средина
  2. Развој на пазарот на труд преку ефикасна примена на иновативни стратегии поврзани со вештини и
  3. Промоција на европската димензија на образованието на возрасните.

 

Клучните активности ќе доведат до следниве резултати:

 

Проектот е двегодишен и ќе се реализира во периодот 01.01.2024 до 31.12.2025.