Во Хаг, Холандија, на 25 и 26 февруари 2019 година се одржа вториот PLA настан на Националните координатори за спроведување на Европската агенда за образование на возрасните, а во рамките на проектот „Работен план на националниот координатор за учење на возрасните“ (National Coordinator for Adult Learning Work Plan).

Темата на настанот беше „Координација и соработка околу основните вештини“. Главна цел на овој PLAбеше националните координатори да разменат искуства околузначењето на мрежите и вмрежувањето како предуслов за ефективни политики за основни вештини, како и условите и начините кои придонесуваат за креирање на ефективни и ефикасни мрежи.

За постигање на овие цели беше одржана и работилница. Централни теми кои беа разгледани на работилницата беа иницирање, раст, организирање и одржување на мрежите.

Организатор на PLA настанот беше Министерството за образование, култура и наука на Холандија.