Од 06.11 – 10-11.2016 во Толедо, Шпанија се одржа контакт семинар за признавање и валидација во образование на возрасни.

На семинарот учество земаа 50 учесници од цела Европа. Од Р.Македонија имаше 3 претставници: Од  ЈУ Центар за образование на возрасни, М6 Едукативен Центар и НВО Жетва на знаење.

На семинарот беа промовирани  предлози за Проекти за мобилност  или стратешки партнерства  кои се поврзани со признавање и валидација на вештини во образованието на возрасни.

Учесниците имаа можност да добијат  повеќе информации за Еразмус+ Програмата и карактеристиките на Секторот за образование на возрасни како и  информации за примери со добри практики во полето на признавање и валидација на компетенции и вештини од организации кои веќе имаат развиено проекти за Европска соработка.

Напишете коментар