На 04.11.2016 (петок) во просториите на Центар за образование на возрасните Скопје,се одржа состанок со цел билатералната стручна размена меѓу Македонија и Босна и Херцеговина со Тема: Образованието на возрасни во Република Македонија – Актуелности и предизвици, и во тој контекст колегите од Босна и Херцеговина слушнаа повеќе за нашата институција, нашата работа и придонес на полето на образованието на возрасните во РМ, а тоа ќе им биде од големо значење бидејќи во Босна и Херцеговина се уште немаат таква Јавна установа,овој состанок беше еден од активностите од семинар организиран од DVV International со тема: “Размена на андрагошки кадри од Босна и Херцеговина и Македонија”.