Врз основа на член 21-б став 4 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 07/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15 и 30/16) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на надворешен соработник за користење интелектуални услуги за програмата Обучувач на обучувачи на возрасни  (2 извршители).

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  1. Пријава за членови на комисии која треба да содржи:
    • име и презиме,
    • работно место,
    • адреса на работно место,
    • адреса на живеење,
    • телефонски број за контакт и
    • степен и вид на стекнатото образование;
  2. Кратка биографија.

Потребната документација кандидатот да ја достави до архивата на :

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Димитрие Чуповски бр.13

1000 Скопје

или на е-пошта: contact@cov.gov.mk

со назнака за избор на надворешен соработник

рок од 10 дена од денот на објавување на огласот.

Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапка за одлучување.

Публикуван на: 29.03.2016 година

Прием на апликации до: 07.04.2016 година

Напишете коментар