На 21 февруари во просториите на Центарот за образование на возрасни се организираше работилница на тема „Методологија и алатки за идентификување на тешкотиите на целните групи“ . Главните говорници беа францускиот експерт г-дин Жан Кристоф Ralema и шпанскиот експерт г-дин Жозе Лара.

Цел на работилницата: Како да се имплементира методологија за идентификување на неписмените луѓе

  1. Подигнување на свеста за ова прашање
  2. Како да се идентификува: методологија и примери за алатки за идентификување. Како да да секонтактираат и мобилизираат возрасните на кои им требаат услуги за описменување?
  3. Анализа за изнаоѓање на решенија коишто би можеле да се иммплементираат за да ги мотивираатнеписмените луѓе повторно да учат.
  4. Како да ја придобиеме поддршката од општата јавност? Воспоставување на мрежа која ќе гизастапува возрасните ученици.
  5. Кои се најдобрите начини за десиминирање на програмите? Анализа на територијата и одзивот вооднос на програмите за описменување.

Напишете коментар