ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје и DVV International (Институт за меѓународна соработка на германски сојуз на народни универзитети – подружница Скопје) потпишаа Меморандум за соработка.
Во периодот септември – декември 2010 година ЈУ Центар за образование на возрасните во соработка со DVV International (Институт за меѓународна соработка на германски сојуз на народни универзитети – подружница Скопје) го реализира Проектот за верификација на програми за образование на возрасни.
Целта на проектот е да се подготви процедура за верификација на програми за образование на возрасните и да се изготват модел програми за образование на возрасни.
ЈУ Центар за образование на возрасните од 26 до 28 ноември 2010 година организираше Семинар за понудувачи на услуги за образование на возрасните. Учесници на семинарот беа претставници на понудувачите на услуги за образование на возрасните од јавниот и приватниот сектор. На семинарот беа презентирани: активностите и улогата на ЈУ Центарот за образование на возрасните, моменталната состојба на образованието на возрасни во Република Македонија, демографската состојба на населението во Република Македонија и концептот на електронско и далечинско учење и неговата апликација во рамки на системот за образование на возрасните.