Работник со млади

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програматa, има за цел да ги развие способностите на учесниците за планирање, спроведување, следење/мониторинг и проценување/евалуација на работа со млади заради помагање на нивниот личен развој и унапредување на нивното активно учествување во животот во заедницата.
Tеоретската настава и писмените проверки на знаења ќе се реализираат во училница опремена за спроведување на образование на возрасни, додека практичната настава ќе се спроведува во организација за млади или младинска организација.
Програмата трае 4 месеци и е наменета за лица кои завршиле најмалку средно образование и сакаат да работат во обезбедување на поддршка за младите во рамките на/или во соработка со понудувачи на младинска работа (младински организации, центри и инститции за млади и сл.)
Истата се состои од 208 часови распоредени како:
– теоретски дел: 144 интерактивни програмски часови со траење од по 45 минути,
– практичен дел: 60 програмски часови со траење од по 45 минути, работа под менторство во организација,
– испитна работилница: 4 часови х 45 минути

Програмата ќе биде организирана во три модули и по секој модул ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и практична демонстрација. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит пред тричлена комисија, по чие успешно полагање се издава сертификат..
Програмата ќе биде подложна на внатрешна евалуација. Ќе бидат спроведени две анкети: една на почетокот и една на крајот од програмата. Анкетите ќе бидат спроведени во форма на писмени прашалници кои ќе бидат сместени и онлајн, а на крајот ќе биде изготвен финален извештај од резултатите на анкетите.
По завршувањето, учесникот ќе се стекнe со звање – Работник со млади и ќе бидe способен да ги обавува функциите опишани во Стандардот на занимање – Работник со млади.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Лица над 18 години. Завршено минимум средно образование и минимум една година искуство во волонтирање или работа во младинска организација/организација за млади. Познавање на македонски јазик. Познавање на некој од јазиците на заедниците и англиски јазик, ќе се смета за предност.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

148

Пракса

60

Оценување

5

Вкупен број на часови

208

Датум на верификација

12/12/2019

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content