Со програмата за обука Оператор на CAD/CAM системи во индустријата за облека, учесникот ќе стекне знаења, вештини и компетенции да подготвува алати и машини за компјутерско моделирање и автоматско постилање и кроење на материјал, да подесув апарати, машини и софтвери за компјутерско моделирање , автоматско постилање и кроење на материјал. Компјутерски да моделира основен крој согласно скица, компјутерски да градира кројни делови и да ги вклопува во кројна слика. Правилно да воведува материјал за автоматско постилање и да управува со автомтска машина за постилање. Да ракува со автоамтска машина за кроење. Врши контрола на квалитет на материјалот за постилање на искроените делови. Да контролира исправност на функционирање на автоматските машини за постилање и кроење. Води евиденција и документација во процес на компјутерско моделирање и автоматско постилање и кроење
Верификацијата истекува во јуни 24, 2025