Врз основа на член 21-б став 4 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15, 30/16 и 64/18) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.55/2020
ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на надворешен соработник за користење интелектуални услуги за програмата Палјативен Негувател/ка на изнемоштени лица (2 извршители).
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:
 да имаат најмалку високо образование од областа;
 да имаат најмалку 5 години работно искуство во настава во соодветната област или
 најмалку 10 години работно искуство во соодветната област.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
1. Пријава за членови на комисии која треба да содржи:
 име и презиме,
 работно место,
 адреса на работно место,
 адреса на живеење,
 телефонски број за контакт и
 степен и вид на стекнатото образование;
2. Кратка биографија.
Потребната документација кандидатот да ја достави до архивата на:
ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје
ул. Димитрие Чуповски бр.13
1000 Скопје
или на е-пошта: contact@cov.gov.mk
со назнака за избор на надворешен соработник
рок од 5 дена од денот на објавување на огласот.
Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување
Публикуван на: 14.12.2020 година
Прием на апликации до: 18.12.2020 година