Во ноември 2015 година Центарот за образование на возрасни, како Национален
координатор за имплементација на Европската агенда за образование на возрасните,
го имплементира Еразмус+ проектот „Поддршка на креирање на политиките во
образованието на возрасните“. Овој проект е во рамките на Акцијата на
националните координатори за имплементација на Европската агенда за образование
на возрасните. Како резултат на овој проект изработена e база на податоци
за понудувачите на услуги и програми за образование на
возрасните. Ваквата база ќе овозможи следење на образованието на возрасните и негова поголема достапност до крајните корисници. Во текот на септември ќе се одржат промотивни настани во: Скопје,Тетово, Гостивар, Штип, Струмица и Битола.