Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, заврши спроведувањето на процесот на препознавање (верификација) на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност на градежните работници во Македонија за следните 5 занимања: фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации.

Иницијативата на Европската унија за градење на капацитетите на работниците во градежниот сектор беше со цел да се подготви и нашата земја во делот наквалификација и преквалификација на градежните работници, со акцент пријавување на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки или работно искуство во градежни претпријатија. Токму поради тоа, во рамките на проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ – (BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training – BEET – http://beet.mk/mk/), заврши процесот на сертифицирани тренери и градежни работници, и со тоа се постигнаа целите од приоритетите  на ЕУ Стратегијата 2020 за спроведување на енергетската ефикасност во градежниот сектор.

Конзорциумот одговорен за имплементација на овој проект во Република Македонија е составен од: Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот, Факултетот за електротехника и информациски технологии, ЈУ Центарот за образование за возрасни, Здружението на бизнис-консултанти „Креација“, Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД (Здружение на граѓани) и Факултетот за бизнис-економија од Скопје.

Свеченото доделување на сертификатите на 1000 градежни работници за енергетска ефикасност во 5 занимања, што ќе се одржи на 12 февруари 2016 година со почеток во 12:00 часот, во хотел Холидеј Инн Скопје.

Leave a Reply