Програмата ШПЕДИТЕРСКИ ЦАРИНСКИ ЗАСТАПНИК овозможува работно оспособување на учесникот односно стекнување на знаења, вештини и компетенции за самостојно извршување работни активности во шпедитерската компанија, поврзани со организација на царинските формалности, изготвувањето на документи, при тоа шпедитерскиот царински застапник ја планира и организира работата, самостојно и во тим, комуницира со коминтентите, царинските органи, и останатите инспекциски служби, го следи извршувањето на царинските формалности при увоз, извоз, транзит и сместувањето на стоката под царински надзор во царинското складиште, ги познава меѓународните стандарди, конвенции, законски одредби за царина, ДДВ, акциза, одредби за мерките на трговска политика, употребува информатичко-компјутерска технологија и програмски пакети за користење на царинските програми од Царинската управа, употребува информатичко-компјутерска технологија и програмски пакети за користење и следење на современите системи за комуникација во деловниот бизнис, ги познава IЅО стандардите.
Програмата преку предвидената реализација на практичната и теоретската обука води до стекнување на Сертификат – „ШПЕДИТЕРСКИ ЦАРИНСКИ ЗАСТАПНИК“. Програмата е со времетраење од 180 часа од кои 60 часа теоретска настава и 120 часа се практична настава. Теоретската настава се одвива во училници или кабинети, а практичната настава ќе се реализира во современо опремен мултимедијален кабинет со користење на соодветни програмски пакети за царинско и шпедитерско работење.
Вреднувањето на постигањата на учесниците во програмата ќе се реализира преку тест по завршување на првиот модул и завршен испит кој се состои од теоретски и практичен дел, по завршување на вториот модул.
Теоретскиот дел од завршниот испитот се состои од проверка на знаењата, вештините и способностите кои се составен дел од програмата за обука. Практичниот дел од испитот подразбира практична проверка на стекнатите знаења за вршење на шпедитерско царински работи. По успешно положениот завршен испит учесникот се стекнува со сертификат – ШПЕДИТЕРСКИ ЦАРИНСКИ ЗАСТАПНИК.
Верификацијата истекува во ноември 4, 2027