Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при изведба на фасадни ѕидови со правилно користење на опремата и алатот за изработка со современи материјали, да се оспособи за поправка на дотраени и оштетени фасади применувајќи принципи за енергетски ефикасни објекти со примена на термичка и звучна изолација.
Програмата се реализира преку теоретска и практична настава во два модула:
Времетраење на програмата е 250 часа од кои 70 часа се предвидени за теоретска настава за модул 1, 5 часа за практична настава за модул 1, а 175 часа се предвидени за практична настава за модул 2. Наставата се реализира од понеделник до петок . Теоретската обука се одвива во училница/кабинет опремен за теоретска настава под менторство на дипл.инж.по градежништво, а практичниот дел во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по градежништво , фасадер со 3 год. работно искуство.Вреднувањето на постигањата на учесниците се спроведува со тест по завршување на модул 1 ,а со завршен испит по завршувањето на модул 2.По успешно положен тест и завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнуваат со сертификат Фасадер
Верификацијата истекува во мај 9, 2025